logo
logo
logo

Буданов: Северна Кореја е најголемата закана по Украина од сите руски сојузници

Vecer | 15.09.2024

Буданов: Северна Кореја е најголемата закана по Украина од сите руски сојузници

- Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите, истакна Буданов.

Тој додаде дека Украина во моментот не може ништо да преземе против тоа.

- Фактот дека испорачува и балистички проектили е непријатен, но помалку сериозен поради малата количина, посочи Буданов.

Тој оцени дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“, со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.

САД и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека и доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија врз Украина, која трае од февруари 2022 година.

Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но тинк-тенкот „Конфликт армамент рисрч“ (Conflict Armament Research) претходно соопшти дека анализата на остатоците покажала дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk