Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го третираат како најголем криминалец во земјата на која и донесе толку многу! Јавноста треба да се потсети на она што се случи предсамо две години.
Имено, во тоа време страшни пожари ја зафатија Австралија, а меѓу првите реагираше Новак Ѓоковиќ кој испрати значителна сума пари за да помогне во санирањето на штетите.
Се работи за сума од 25.000 долари!
Австралискиот новинар Ави Џемини го потсети целиот свет на потезите на Новак Ѓоковиќ од пред две години.
Многумина се сеќаваат на тоа во моментов, но и на пречекот што му беше приреден на српскиот тенисер во 2019 година кога слета на аеродромот. Тогаш Новак имаше одличен прием. Очигледно многу се сменија за нешто повеќе од 700 дена. Прашањето е само дали Новак Ѓоковиќ сепак го заслужи тоа?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата