logo
logo
logo

Бројот на жртвите од поплавите на Суматра достигнаа 867, војската ја засили помошта

Vecer | 05.12.2025

Бројот на жртвите од поплавите на Суматра достигнаа 867, војската ја засили помошта

Војската изградила најмалку 10 преносни мостови во провинциите Ачех, Северна Суматра и Западна Суматра за да помогне во дистрибуцијата на храна и помош на изолираните жители, изјави генерал-мајор Фреди Ардијанза, според Ројтерс.

„Изградбата на овие мостови е клучна за дистрибуција на логистика. Некои од патиштата се уште се блокирани, па помошта сè уште не стигнала до погодените од катастрофата“, рече тој.

Ардијанза рече дека војската, исто така, распоредува мобилни системи за обратна осмоза, кои ја прават контаминираната вода безбедна за пиење, и ќе продолжи да доставува храна и лекови по воздушен пат до жителите кои остануваат отсечени од патиштата.

Бројот на жртви во Индонезија од минатонеделниот циклон и последователните тешки поплави и лизгања на земјиштето се искачи на 867 во петок попладне, а 521 лице сè уште се водат како исчезнати, покажаа владини бројки.

Локалните самоуправни претставници на Суматра ја повикаа владата да прогласи национална вонредна состојба за да ослободи повеќе средства за спасувачки и помошни напори.

Индонезискиот потпретседател Гибран Ракабуминг Рака им се извини на граѓаните и им рече дека не се сами.

„Ќе се погрижиме оние во центрите за евакуација да добијат соодветна грижа. Многумина се пожалија на проблеми со училиштата и домувањето, ние ќе ви помогнеме во тоа. Ви благодарам и уште еднаш искрено се извинувам“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk