Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез.
Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се сместени 20.231 лице.
Во соопштението се додава дека во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати.
На 24 јуни, Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во временски интервал помал од една минута.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата