Уште 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени, објави денес Ројтерс.
Тајфунот го погоди северно-централниот дел од земјата во понеделник, носејќи обилни дождови, силни ветрови и високи бранови, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата и земјоделски загуби.
Според достапните податоци, материјалната штета се проценува на околу 603 милиони долари, што е значително повисока од претходната проценка од 435,8 милиони долари.
Повеќе од 230.000 куќи беа оштетени или поплавени, додека речиси 89.000 хектари ориз и други култури беа уништени.
Тајфунот, исто така, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија, оставајќи десетици илјади домаќинства без електрична енергија.
Патиштата, училиштата и јавните објекти претрпеа сериозни штети.
Иако во извештајот не се споменуваат големи штети врз индустриските капацитети, погодената област вклучува фабрики во сопственост на големи корпорации како што се „Фокскон“, „Формоза Пластикс“, „Луксшер“ и „Винфаст“, кои се дел од клучната производствена инфраструктура на Виетнам.
Заменик-гувернерката на Централната банка, Пам Тан Ха, изјави дека банките се повикани да разгледаат мерки како што се реструктуирање или замрзнување на кредитите за бизнисите погодени од природната катастрофа за да им се помогне да се опорават.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата