Поплавите и лизгањето на земјиштето принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба, кои се наоѓаат на околу 110 километри еден од друг, а 21 лице се води како исчезнато, додаде противпожарната служба.
Во голем дел од Бразил, врвот на дождовната сезона е во лето, од декември до март, и се карактеризира со чести интензивни врнежи, грмотевици, поплави и калливи свлечишта.

Општинската управа на Жуиз де Фора соопшти дека ова бил најврнежливиот февруари во историјата на градот, при што количината на врнежи е повеќе од двојно поголема од очекуваната за овој месец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата