logo
logo
logo

Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар надмина 3.000 лица

Vecer | 03.04.2025

Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар надмина 3.000 лица

Портпарол на воената хунта што управува со земјата изјави дека досега се потврдени најмалку 3.085 жртви. Над 340 лица сè уште се водат како исчезнати, а 4.715 се повредени.

Во Мјанмар пристигнаа хуманитарни работници од 17 земји. Испорачани се речиси 1.000 тони хуманитарна помош и опрема, соопштија властите.

- Продолжуваме со спасувачките операции и изразуваме благодарност до меѓународната заедница и медицинските тимови за нивната посветеност, изјави портпаролот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk