logo
logo
logo

Британско разузнавање: Путин врши „русификација“ на окупираните територии во Украина

Vecer | 22.03.2025

Британско разузнавање: Путин врши „русификација“ на окупираните територии во Украина

Путин во четвртокот потпиша декрет со кој се обврзуваат украинските граѓани кои живеат на територии зафатени од војна да го „решат својот правен статус“ до 10 септември или ќе бидат принудени да ја напуштат областа, според најновото разузнавање за војната во Украина од британското Министерство за одбрана.

„Целта на декретот на Путин е речиси сигурно да ги принуди украинските граѓани кои одбиваат да прифатат руски пасоши и државјанство да ја напуштат украинската територија окупирана од Русија“, се вели во извештајот објавен на „X“.

-Кремљ продолжува да спроведува политика на „русификација“ на нелегално окупираните територии во Украина како дел од „долгогодишните напори за искоренување на украинската култура, идентитет и државност од таму“, се додава во објавата.

Русија го смета за свој црноморскиот полуостров Крим, кој незаконски го анектираше пред повеќе од десет години, како и делумно окупираните региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, се наведува во соопштението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk