logo
logo
logo

Британски пратеник: Секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор, земете си ги вашите криминалци назад во Албанија

Vecer | 28.06.2025

Британски пратеник: Секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор, земете си ги вашите криминалци назад во Албанија

Според него „секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор“.

- Албанскиот премиер нè критикува за Брегзит и вели дека Велика Британија е „дива земја, барајќи места за протерување на имигрантите“. Рама тврди дека голем дел од она што го кажуваме по Брегзит станало „целосно неприфатливо, целосно смешно“. Ќе ви кажам нешто, господине Рама, дали знаевте дека секој 50-ти Албанец во Велика Британија е во затвор? Затоа, покажете малку добра волја и земете ги сите уште утре, бидејќи ова е лицемерие, обвинил Фараж, пренесува Топ чанел.

Меѓу другото, тој ги критикувал и лидерите на неговата земја за начинот на кој одлучиле да водат имиграциска политика.

Пред два дена, Рама, во интервју за „Гардијан“ упати критики на сметка на политиката на Велика Британија поради депортирање во трети земји на луѓе чии барања за азил се одбиени.

Тој ја обвини владата на британскиот премиер Кир Стармер дека бара „центри за притвор на имигранти“ со тоа што врши притисок за „центри за враќање“ во трети земји за сместување на одбиените баратели на азил. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk