logo
logo
logo

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

Vecer | 11.10.2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

Британија денеска соопшти дека порано оваа недела два авиони на Кралското воено воздухопловство реализирале дванаесетчасовна мисија заедно со сили на САД и НАТО, патролирајќи долж границата со Русија по неколку неодамнешни руски упади на дронови и авиони во воздушниот простор на НАТО.

- Ова беше важна заедничка мисија со нашите сојузници од САД и НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

- Не само што ни овозможува важни разузнавачки податоци за зголемување на оперативната свест на нашите вооружени сили, туку истовремено испраќа и силна порака за единството на НАТО до рускиот претседател Владимир Путин и до нашите противници, додаде Хили.

Специјалниот британски извидувачки авион RC-135 Rivet Joint, специјализиран за електронско надгледување, и морнаричкиот патролен авион P-8 A Poseidon, во четврток летале од арктичкиот регион, минувајќи покрај Белорусија и Украина, со поддршка на американскиот авион за дополнување гориво во воздух KC-135.

Британија соопшти дека операцијата следела по упадите во воздушниот простор на земји членки на НАТО, меѓу кои биле Полска, Романија и Естонија.

Претходно овој месец, лидерите на Европската унија ги поддржаа плановите за зајакнување на одбраната на блокот од руските дронови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk