logo
logo
logo

Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина

Vecer | 25.02.2025

Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина

На прашањето дали Велика Британија може да и дозволи на Русија да се врати во групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, додека се уште под окупација ја држи украинската територија, портпаролот рече дека ставот на владата на Велика Британија останува непроменет.

-Не можеме да прифатиме Русија да се приклучи на Г7 додека има нелегални сили во Украина. Тоа е нашиот став долги години. Тој став не е променет, изјави портпаролот.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази можноста Русија повторно да се приклучи на групата Г7, а британскиот министер за национална безбедност Ден Џарвис претходно сугерираше дека тоа е можно.

Портпаролот на британската влада, коментирајќи ја изјавата на Џарвис, рече дека министерот зборувал за тоа „во поширок контекст“, за начинот на завршување на војната во Украина.

Џарвис претходно рече дека повторното приклучување на Русија во Г7 ќе биде „прашање што треба да се разговара со меѓународните сојузници“.

По анексијата на Крим во 2014 година, Русија беше исфрлена од групата осум најразвиени индустријализирани земји, која дотогаш се нарекуваше Г8.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk