logo
logo
logo

Британската Влада ќе претстави план за намалување на имиграцијата

Vecer | 12.05.2025

Британската Влада ќе претстави план за намалување на имиграцијата

Премиерот Кир Стармер во текот на претпладнево ќе се обрати на прес-конференција, малку пред министерката за внатрешни работи Ивет Купер да го претстави патоказот во Парламентот.

„Ќе ги заостриме сите аспекти на имиграцискиот систем, вклучувајќи ги работните визи, визите за семејно обединување и студентските визи, за да можеме подобро да ја контролираме имиграцијата. Правната регулатива ќе биде построга од кога било досега, а бројот на имигранти ќе се намали“, се очекува Стармер да каже, според извадоци од неговиот говор објавени од Даунинг стрит..

За да се гарантира дека странците кои сакаат да се населат во Обединетото Кралство „заслужуваат“ да останат, ќе се заострат условите за добивање постојан престој. Од сега, ќе биде потребен престој од десет години, наместо сегашните пет.

Целта е да се намали бројот на нискоквалификувани работници, што ќе резултира со намалување на годишниот прилив на нископлатени работници за 50.000, изјави министерката Купер.

- Нашиот систем со години ги охрабруваше компаниите да увезуваат нископлатени работници наместо да инвестираат во младите. Ова мора да се промени, рече Стармер, нагласувајќи дека сака „јасно раскинување со минатото“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk