logo
logo
logo

Британската министерка Додс поднесе оставка

Vecer | 28.02.2025

Британската министерка Додс поднесе оставка

Додс во образложението за оставката наведе дека намалувањата ќе го оневозможат одржувањето на развојните приоритети на Велика Британија, меѓу кои и во Појасот Газа, Судан и Украина.

- На крај, со намалувањето ќе се лишат очајните луѓе од храна и здравствена заштита, нешто што длабоко ќе ја наруши репутацијата на Британија. Знам дека јасно ставивте до знаење дека идеолошки не сте против меѓународниот развој. Сепак, реалноста е дека оваа одлука веќе е претставена како да ја следи политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на американската Агенција за меѓународен развој, објави Додс на Икс.

Стармер пред три дена најави дека британската Влада до 2027 година ќе ги зголеми трошоците за одбрана 2,5 проценти од бруто домашниот производ од сегашните 2,3 отсто. Зголемувањето ќе се финансира со намалување на буџетот за помош од 0,5 отсто од БДП на 0,3 проценти.

Хуманитарните организации соопштија дека се згрозени од одлуката на Стармер, која според нив ќе му наштети на британското влијание и ќе има разорно влијание врз примателите на помош. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk