logo
logo
logo

Британска брачна двојка се осудени на десет години затвор, поради шпионажа во Иран

Vecer | 19.02.2026

Британска брачна двојка се осудени на десет години затвор, поради шпионажа во Иран

Двојката од Источен Сасекс била уапсена минатиот јануари додека патувале со мотор низ Иран и се наоѓаат во затворот Евин во Техеран, објави Скај њуз.

Брачната двојка ги негираат обвиненијата, а пресудата беше изречена по тричасовно судење на 27 октомври пред судијата Аболгасем Салавати во Исламскиот револуционерен суд.

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ја осуди казната како „крајно ужасна и неоправдана“, велејќи дека владата ќе работи „неуморно“ за да обезбеди нивно враќање во Велика Британија.

Синот на Линдзи Форман, Џо Бенет, рече дека на двојката не им било дозволено да ја презентираат својата одбрана и дека не се презентирани никакви докази во поддршка на обвиненијата.

Тој додаде дека тие веќе поминале повеќе од 13 месеци во притвор и изрази загриженост за нивното здравје и недостатокот на транспарентност во постапката.

Пред пресудата, Крег Форман ги опиша суровите услови на неговиот притвор и 57-те дена што ги поминал во самица, велејќи дека тие „го скршиле физички и емоционално“.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Иран поради ризикот од апсење и притвор.

Во последниве години, Техеран уапси голем број странски државјани и лица со двојно државјанство, во она што западните земји и групите за човекови права го опишаа како политички мотивирани потези за добивање отстапки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk