Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти повторно да ја разгледаат одлуката за забрана на Парадата на гордоста што е најавена за сабота во Будимпешта и да се воздржат од санкционирање на нејзините учесници.
Парадата на гордоста во Будимпешта мора да се одржи без страв од кривична или административна одговорност кон организаторите или учесниците.
На ЛГБТИК+ заедницата во Унгарија и секаде во светот сакам да им порачам дека отсекогаш ќе бидам нивен сојузник.
Во Будимпешта, иако полицијата ја забрани парадата, градоначалникот Гергели Карачони најави дека настанот ќе се одржи, спротивно на ставот на централните власти. Министерот за правда на Унгарија, Бенс Тусон, испрати известување до амбасадорите на членките на ЕУ, во кое ги повика нивните претставници да се воздржат од учество на парадата.
Правната ситуација е јасна, собирањето за Парадата на гордоста е забрането.
И покрај официјалната забрана, повеќе европратеници најавија дека ќе дојдат во Будимпешта за да учествуваат на трасето на парадата. Организаторите веруваат дека годинава ќе има рекорден број учесници, без оглед на негативните сигнали од владата.
Премиерот Виктор Орбан препорача организаторите да се откажат од планирањето на парадата оваа година, јавувајќи дека тоа би било „залудно трошење средства и време“, особено по најавата за нови законски измени кои ја таргетираат Прајд парадата под изговор за „заштита на децата“.
Иако забраната официјално беше соопштена на 19 јуни, градоначалникот на Будимпешта најави дека митингот ќе се одржи, бидејќи, според него, станува збор за локален настан кој не бара посебна дозвола од надлежните.
Властите, сепак, побараа парадата да се организира на затворено место, како стадион или хиподром, за да биде надвор од погледот на малолетни лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата