Како што соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина, на видеото се гледаат остатоци од згради, опрема и други работи кои биле исфрлени на брегот на Црното Море во регионот Одеса од огромната поплава предизвикана од уништувањето на Нова Каховка, брана на хидроцентралата северно од градот Херсон.
Поради уништувањето на браната, огромно количество вода се излеа од акумулацијата и го поплави југот на делумно окупираната област Херсон, а дел од водата преку Црното Море стигна до бреговите на Одеса.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата