logo
logo
logo

Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

Vecer | 06.07.2025

Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

Лула да Силва, исто така, апелираше до меѓународната заедница „да не остане рамнодушна кон геноцидот што го врши Израел во Газа“, пренесува БТА.

- Апсолутно ништо не ги оправдува терористичките акти што ги врши Хамас. Но, не можеме да останеме рамнодушни кон геноцидот што го врши Израел во Газа, убивањето на невини цивили и употребата на изгладнување како оружје во војната, рече бразилскиот претседател во обраќањето на отворањето на состанокот.

Самитот на БРИКС се одржува во време кога се очекува да започнат посредните преговори меѓу Израел и Хамас во Катар за запирање на воените дејства во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои се уште ги држи палестинското исламистичко движење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk