logo
logo
logo

Бразилскиот Конгрес донесе закон за намалување на затворската казна на Болсонаро, Лула најавува вето

Vecer | 18.12.2025

Бразилскиот Конгрес донесе закон за намалување на затворската казна на Болсонаро, Лула најавува вето

Откако Претставничкиот дом на бразилскиот Конгрес усвои закон за намалување на затворските казни на поранешниот ултрадесничарски претседател Жаир Болсонаро и другите учесници во пучот што се случи по изборите во 2022 година, законот беше одобрен и со мнозинство гласови во Сенатот.

Откако ќе биде одобрен, Болсонаро, кој беше осуден од Врховниот суд во септември на 27 години и три месеци затвор за обидот за пуч, би можел да го напушти затворскиот режим за нешто повеќе од две години, иако по тој период тој сè уште ќе биде принуден да спие во затвор и да ги поминува викендите во притвор за период што ќе го утврди судот, објави шпанската државна телевизија.

Пратениците од владејачката партија го критикуваа законот, тврдејќи дека, во сегашната форма, тој се меша во пресудите што веќе ги потврди Врховниот суд и може да им користи на другите осудени за тешки кривични дела.

По усвојувањето во Сенатот, овој закон оди кај претседателот на државата, Луиз Инасио Лула да Силва, за негово одобрување.

Бразилскиот претседател претходно објави дека ќе стави вето на овој закон бидејќи, како што рече, „Болсонаро мора да плати за својот обид да ја уништи демократијата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk