logo
logo
logo

Бразил ќе се приклучи на ОПЕК +

Vecer | 18.02.2025

Бразил ќе се приклучи на ОПЕК +

Одобрувањето на владата е одговор на официјалниот повик од 2023 година.

Групата ОПЕК + ги вклучува 12-те членки на групата ОПЕК основана за да го координира производството на нафта за стабилизирање на пазарот, плус 10 главни земји производители на нафта, од кои Русија е убедливо најголема.

Иако членките на ОПЕК +, кои не се членки на ОПЕК се согласуваат да соработуваат со земјите од ОПЕК, Бразил нема да има обврски како што се намалување на производството, изјави министерот за рударство и енергија Александре Силвеира.

Силвеира го нарече ОПЕК + само „форум за дискусија за стратегиите на земјите производители на нафта“.

- Не треба да се срамиме што сме производители на нафта. Бразил треба да расте, да се развива и да создава приходи и работни места, нагласи тој. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk