logo
logo
logo

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загинат

Vecer | 18.05.2025

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загинат

Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на полициски извори и од самата клиника, објави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата.

Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук објавија дека експлозијата се случила пред 11 часот наутро по локално време.

„Идентификувана е бомба што се наоѓала во автомобил или во негова близина“, рече ДеХарт.

ФБИ на Лос Анџелес објави на социјалните мрежи дека ја истражува експлозијата, а експерти за експлозиви се распоредени на местото на настанот.

Палм Спрингс се наоѓа околу 100 милји источно од Лос Анџелес.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, е известен за експлозијата, соопшти неговата канцеларија.

Американските медиуми јавија дека клиниката за плодност на Американскиот репродуктивен центар е оштетена, но дека персоналот е безбеден./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk