logo
logo
logo

Болсонаро пред Врховниот суд: „Никогаш не сум планирал државен удар“

Vecer | 11.06.2025

Болсонаро пред Врховниот суд: „Никогаш не сум планирал државен удар“

Судењето, кое беше пренесувано онлајн, го следеа голем број граѓани на Бразил. Земјата сè уште ги чувствува последиците од немирите во јануари 2023 година, кога беа нападнати и оштетени зградите на Врховниот суд, Конгресот и претседателската палата.

Болсонаро, крајнодесничарски политичар кој на сослушувањето делуваше смирено, заедно со уште седум соработници беше испрашуван од судиите во врска со обвинувањата дека организирале шема за задржување на власта по изборниот пораз, нанесен од актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

- Никогаш не станало збор за државен удар. Такво нешто е одвратно, изјави Болсонаро. - Бразил не смееше да помине низ такво сценарио. А и никогаш не постоела реална можност за државен удар додека јас бев на власт, додаде тој.

Болсонаро призна дека по изборната победа на Лула разговарал со раководителите на вооружените сили за „опции“, но тврди дека сето тоа било во рамки на Уставот. Не откри дополнителни детали.

Испрашувањето траеше нешто повеќе од два часа.

Осомничените се обвинети по пет основи: обид за државен удар, членување во вооружена криминална група, обид за насилно уривање на демократскиот поредок, нанесување штета и уништување заштитено културно наследство.

Доколку биде прогласен за виновен, Болсонаро може да добие казна до 12 години затвор за обид за државен удар, а во комбинација со другите обвиненија – затворска казна што може да трае со децении. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk