logo
logo
logo

„Боко Харам“ уби најмалку 60 лица во напад во Нигерија

Vecer | 07.09.2025

„Боко Харам“ уби најмалку 60 лица во напад во Нигерија

Нападот бил извршен во петок навечер во селото Дарул Џамал, во административната област Бама, каде неодамна се вратиле жители кои претходно биле сместени во кампови за внатрешно раселени лица.

Жителот Мохамед Бабагана изјави дека вооружените напаѓачи убиле десетици. Гувернерот на сојузната држава Борно, Бабагана Зулум, кој го посети селото, потврди дека бројот на жртвите може да надмине 60.

- Се солидаризираме со жителите и организираме засилена безбедност, како и снабдување со храна и други неопходни производи, изјави Зулум.

Началникот на локалната управа во Бама, Моду Гуџа, соопшти дека биле запалени десетици куќи и над 100 луѓе биле принудени да избегаат.

Според Тајво Адебаjо, експерт за „Боко Харам“ од Институтот за истражување на безбедноста, нападот го извршила фракција на групата позната како „Џамаату Алис Суна Лидаауати уал-Џихад“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk