logo
logo
logo

Богата награда за кодошите- Виетнам најде начин за да го реши сообраќајниот хаос

Vecer | 13.01.2025

Богата награда за кодошите- Виетнам најде начин за да го реши сообраќајниот хаос

Така, сите оние што кодошат, т.е. пријавувањето на возач кој направил прекршок ќе биде наградено со пет милиони донг (што е околу 200 американски долари), објави агенцијата АФП, а пренесува порталот Баронс.

Од почетокот на оваа година, властите во Виетнам драстично ги зголемија казните на ниво кое е речиси недостапно за просечниот возач. Највисоките казни се за поминување на црвено светло и користење мобилен телефон додека се вози.

Според новите правила, секој што ќе пријави потврден сообраќаен прекршок во Виетнам, еднопартиска комунистичка држава, сега може да добие до 10 отсто од вредноста на казната, со најголема награда од пет милиони донг.

Идентитетот на доушниците ќе се чува во тајност за да се обезбеди нивната приватност, предвидува новиот закон. Никој досега не бил награден за кодошење, јавуваат државните медиуми.

Во земја каде што просечниот месечен приход е околу 7,7 милиони донг, поминувањето на црвено светло на мотор сега чини повеќе од шест милиони донг, шест пати повеќе од претходната парична казна.

Ако возачот на автомобил го стори истото, ќе плати близу 20 милиони донг, што е повеќе од шесте милиони донг, што се плаќало досега. Двојно се зголемени казните и за користење мобилен телефон додека се вози.

„Бев шокиран од висината на казните. Сега се исплашив. Почнав строго да ги следам правилата“, рече возачот на Граб, Нгујен Куоц Понг, кој призна дека редовно поминувал на црвено светло во главниот град Ханој.

Полицаец во Ханој изјави за АФП дека видел неколку возачи во солзи кога им дал пријави за казни. Според официјалната статистика, во Виетнам има околу 77 милиони мотоцикли и 6,3 милиони автомобили.

Во текот на 2024 година, во сообраќајни несреќи дневно во просек загинувале околу 30 лица. Во поголемите градови има неопислив метеж бидејќи возачите не ги почитуваат семафорите или сообраќајните знаци и правила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk