logo
logo
logo

Блумберг: Средба Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Vecer | 18.02.2025

Блумберг: Средба  Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Според извештајот, САД и Русија најверојатно ќе договорат самит на двајцата лидери за време на средбата во Ријад, каде се одржаа првичните средби на руско-американските дипломати за старт на преговори за крај на војната во Украина, а веќе наредната недела да има лидерска средба, известува изданието без да наведува извори.

-Преговорите меѓу руската и американската делегација во главниот град на Саудиска Арабија „можат да готворат патот“ за средба на двајцата претседатели веќе следната недела, се вели во написот.

Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Руската Федерација, кој присуствуваше на преговорите, изјави дека делегациите ќе  разгледаат, меѓу другото, и можност за средба меѓу двајцата претседатели. „Најважно е да започнеме вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон“, истакна тој./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk