logo
logo
logo

Блокирана Владата на САД

Vecer | 01.10.2025

Блокирана Владата на САД

„За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата.

Најдолгата блокада од пет недели во историјата на САД се случи кон крајот на 2018 и почеток на 2019 година, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп.

Услуги како што се спроведување на имиграциските прописи, контрола на воздушниот сообраќај, воени операции и социјално осигурување нема да бидат прекинати. Но, стотици илјади федерални работници чии работни места не се сметаат за критични за безбедноста би можеле да бидат испратени на принуден одмор или да добијат отказ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk