Рандријанирина во петокот положи заклетва како претседател, само неколку дена откако ја презеде власта во оваа островска земја по протестите предводени од младите од генерацијата Z ,кои го принудија неговиот претходник да ја напушти земјата.
Објаснувајќи го својот избор за премиер, претседателот го наведе неговото искуство и врски со меѓународните организации.
Поранешниот претседател Андриј Раџоелина, кој беше соборен од пратениците откако минатиот викенд избега во странство, го осуди воениот преврат и одби да се повлече додека е во егзил, и покрај тоа што Уставниот суд го ратификуваше превземањето во рок од неколку часа, објавија британските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата