logo
logo
logo

Бирол: ИАЕ се консултираше со земјите-членки за ослободување на стратешките резерви на нафта

Vecer | 23.03.2026

Бирол: ИАЕ се консултираше со земјите-членки за ослободување на стратешките резерви на нафта

- Доколку е потребно, секако дека ќе го направиме тоа. Ќе ги следиме условите, ќе ги анализираме и проценуваме пазарите и ќе разговараме со нашите земји-членки, наведе Бирол.

Земјите-членки на ИЕА на 11 март се согласија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви за да го ограничат порастот на глобалните цени на суровата нафта.

Бирол истакна дека кризата на Блискиот Исток е „многу тешка“ и посериозна од двата нафтени шокови од 70-тите години од 20 век и влијанието на војната меѓу Русија и Украина врз природниот гас.

- Најважното решение за овој проблем е отворањето на Ормутската Теснина, посочи Бирол. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk