logo
logo
logo

УКРАИНА ОЧЕКУВА 140 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД НАТО, ќе има ли доволно луѓе да га води воната со тие пари

Vecer | 03.07.2026

УКРАИНА ОЧЕКУВА 140 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД НАТО, ќе има ли доволно луѓе да га води воната со тие пари

Војната во Украина е, практично, глобална војна. Над 50 држави ја финансираат и вооружуваат Украина, а од другата страна е Русија која има свои, иако малубројни, сојузници.

Иако, навидум, таа се движи кон својот крај, претпоставен идната пролет, крајот можеби и не е така блиску откако ЕУ се обврза дека ќе и даде на Украина 90 милијарди евра. а германските медиуми објавија дека НАТО ќе инвестира и помага во Украина со 140 милијарди евра што е износ на вкупниот годишен буџет за одбрана на Русија.

Останува само да се види дали Украина има уште луѓе кои се подговтвени да одат на фронтот.

Амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа иницијативата на состанокот во Брисел. Според планот, НАТО ќе издвои 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници во следните две години, вкупно 140 милијарди евра.

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара.

Најголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако Соединетите Американски Држави ја намалија финансиската помош за Украина под претседателот Доналд Трамп. Германија и претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци НАТО му помагаше на Киев преку програма наречена „Список на приоритетни потреби за Украина“, позната под кратенката ПУРЛ. Програмата функционира така што САД им продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk