Денес во 7 часот наутро во Словенија се отворија повеќе од 3.000 избирачки места, каде што граѓаните ќе одлучуваат за спроведувањето на законот за асистирано самоубиство.
Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати се очекуваат по 19:30 часот, објави Словенечката новинска агенција (СТА).
Референдумското прашање е: Дали сте за спроведување на законот за асистирано самоубиство, кој беше усвоен од Народното собрание на 24 јули 2025 година? Гласачите гласаат со заокружување за или против.
Законот му дозволува на возрасен пациент, способен сам да донесува одлуки, доброволно да го прекине својот живот ако доживува неподнослива болка поради сериозна неизлечива болест или друго трајно нарушување на здравјето, објавија словенечките медиуми.
Гласањето на референдумот беше можно и од вторник до четврток, кога 35.730 гласачи, или 2,11 проценти од регистрираните, го дадоа својот глас.
Законот ќе биде отфрлен на референдумот ако мнозинството гласачи гласаат против него, под услов најмалку една петтина од сите гласачи да гласаат против законот.
Според најновите податоци, бројот на гласачи е 1.696.025, што значи дека 339.205 гласачи треба да гласаат против законот за да го отфрлат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата