logo
logo
logo

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа

Vecer | 08.03.2025

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа

- Ако се спроведе, овој план ветува брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Газа, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на земјите објавено во Берлин.

Изјавата беше објавена откако Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) официјално го усвои арапскиот план.

Арапската иницијатива е одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека сака САД да ја преземат контролата врз палестинската територија и да ги преместат Палестинците во други земји.

Организацијата за исламска соработка, која го претставува муслиманскиот свет, ја повика меѓународната заедница и меѓународните и регионалните финансиски организации брзо да ја дадат потребната поддршка за планот.

Планот што го подготви Египет предвидува реконструкција на Појасот Газа, уништен по 15 месеци војна меѓу Израел и Хамас, без раселување на неговите 2,4 милиони жители.

Планот предвидува и де факто отстранување на Хамас и враќање на палестинската управа на територијата од која ја протера токму тоа палестинско исламистичко движење во 2007 година.

Планот, сепак, беше отфрлен од Израел и критикуван од САД.

- Јасно ни е дека Хамас повеќе не треба да владее со Газа или да претставува закана за Израел, нагласија европските министри.

- Ги поздравуваме сериозните напори на сите вклучени сили и го цениме важниот сигнал испратен од арапските земји за заеднички развој на овој план за обнова и реконструкција, се вели понатаму во соопштението.

Министрите рекоа дека се обврзале да работат со Арапската иницијатива, Палестинците и Израел за заеднички да ги решат овие прашања, вклучително и прашањата за безбедност и управување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk