logo
logo
logo

Берлин, Париз и Лондон го укинаа ограничувањето на дострел за ракетите, се огласи Кремљ

Vecer | 26.05.2025

Берлин, Париз и Лондон го укинаа ограничувањето на дострел за ракетите, се огласи Кремљ

Одлуката на голем број европски земји да ги укинат ограничувањата на ракетниот дострел на Киев на руска територија е потенцијално опасна и е спротивна на обидите за постигнување решение, изјави денес од Кремљ , Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Одлуките, доколку навистина се донесат такви одлуки, се апсолутно спротивни на нашите аспирации за постигнување политичко решение и напорите што моментално се вложуваат во рамките на тоа решение. Тоа е, прилично опасна одлука“, изјави Песков за весникот „Лајф“, пренесува ТАСС.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно изјави дека неговата земја ги укинува сите ограничувања за дометот на украински напади со ракети и друго германско оружје врз руска територија.

Според него, слична одлука донеле и Велика Британија и Франција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk