logo
logo
logo

Берлин ги забрани украинските и руските знамиња за Денот на победата

Vecer | 07.05.2022

Берлин ги забрани украинските и руските знамиња за Денот на победата

Тие знамиња и симболи не смеат да бидат истакнати утре и во понеделник, соопшти берлинската полиција.

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник, е бесен поради забраната, за која рече дека на ист начин ги третира жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина. - Шокирани сме од фактот што берлинската полиција забрани истакнување на украински знамиња на 8 и 9 мај. Тоа е шлаканица за Украина и украинскиот народ“, рече Мелник.

Русите, да потсетиме, победата над нацистичка Германија ја слават на 9 мај, додека оваа годишнина во Западна Европа се слави на 8 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk