logo
logo
logo

Бербок нема да се кандидира за лидерска функција на Зелените

Vecer | 05.03.2025

Бербок нема да се кандидира за лидерска функција на Зелените

Се очекуваше Бербок да стане копретседател на парламентарната група на Зелените, но, во писмо до колегите, во ДПА денеска имала увид, Бербок вели дека нема да ја бара функцијата од лични причини.

„После години со голема брзина“,Бербок напиша дека сака да одвои малку време за да размисли „што значи овој момент за моето семејство и мене“.

Бербок (44) имаше лидерска или министерска функција со Зелените од 2008 година и беше главна кандидатка на партијата на националните избори во 2021 година.

На последните избори Зелените освоија 11,6 отсто од гласовите, што се сметаше за разочарување откако освоија 14,8 отсто во 2021 година.

Бербок и нејзиниот сопруг Даниел Холефлејш во ноември соопштија дека се разделуваат.

Тие планираат заедно да продолжат да се грижат за двете ќерки, кои имаат 9 и 13 години, и планираат да продолжат да живеат како семејство во нивниот заеднички дом во Потсдам, западно од Берлин, јави ДПА. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk