logo
logo
logo

Белорусија ослободи 52 политички затвореници

Vecer | 11.09.2025

Белорусија ослободи 52 политички затвореници

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека ослободените политички затвореници пристигнале во Литванија.

- Никој не е заборавен! Педесет и два затвореници денеска безбедно премина од Белорусија во Литванија, оставајќи зад себе бодликава жица, решетки на прозорците и постојан страв, објави Науседа на платформата Икс.

Тој додаде дека за ослободувањето на политичките затвореници заслужен е американскиот претседател Доналд Трамп.

Длабоко сум благодарен на САД и лично на претседателот Доналд Трамп за нивните континуирани напори за ослободување на политичките затвореници, посочи Науседа.

Помеѓу ослободените затвореници 14 се странски државјани од Литванија, Летонија, Полска, Германија, Франција и Велика Британија.

Ослободувањето на затворениците се случи по денешната средба на Лукашенко со специјалниот американски претставник Џон Коул.

Белорусија повеќе години е под западни санкции поради непочитување на за човековите права и нејзината улога во руската инвазија врз Украина. Според групите за заштита на човековите во Белорусија има повеќе од 1.000 политички затвореници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk