logo
logo
logo

Белгискиот аеродром Шарлроа затворен поради дојава за бомба

Vecer | 13.05.2025

Белгискиот аеродром Шарлроа затворен поради дојава за бомба

- Денеска претпладне, кусо пред 11 часот, беше активирана закана за бомба во авион што слета на аеродромот Шарлроа. Околу авионот беше поставен безбедносен периметар, што наложи затворање на пистата и со тоа прекин на операциите. Надлежните органи ја презедоа контролата, соопшти аеродромската администрација.

Според првичните информации, било дојавено дека во авион кој слетал од Португалија има експлозивна направа. Патниците од засегнатиот авион на „Рајанер“ сè уште се во леталото. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk