logo
logo
logo

Белгиски полицаец уапсен под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

Vecer | 12.10.2025

Белгиски полицаец уапсен под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

Според белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ, во тек е истрага за да се утврди дали осомничениот свесно пренел „чувствителни информации на Кина, Русија или на двете земји“. 

Во рамки на истрагата извршен е и претрес на домот на уапсениот, кој бил ангажиран во полициската управа на Брисел. 

Според медиумските извештаите, покрај истражната постапка против полицаецот покрената од страна на Федералното јавно обвинителство, против него се води и внатрешна полициска истрага. 

Бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на извори во Обвинителството, уште минатата недела објави дека бил приведен припадник на белгиската безбедносна служба под сомнеж за шпионажа. Тој бил сослушан, по што бил пуштен да се брани од слобода под строги безбедносни мерки. 

Засега нема информации дали станува збор за истото лице. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk