logo
logo
logo

Белата куќа во последен момент пронајде решение за платите на американските војници

Vecer | 30.10.2025

Белата куќа во последен момент пронајде решение за платите на американските војници

И покрај 28-дневното затворање на американската федерална влада, буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп користеше пари од три различни сметки за да обезбеди исплата на американските војници во петок, објавија американските медиуми.

Претходно неделава не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет (OMB) на Белата куќа ќе може да најде до утре околу 5,3 милијарди долари за плати на војската, но двајца неименувани претставници на Белата куќа потврдија за Аксиос дека парите се пронајдени во последен момент.

Доколку воениот персонал редовно добива плата, Трамп нема намера да се откаже од блокадата на американската федерална Влада.

Демократите и експертите за либерална политика го обвинија американскиот претседател за нелегално узурпирање на конгресните овластувања за да присвои пари што нема право да ги користи, но Трамп и неговите сојузници во Конгресот веруваат дека противниците нема да ги тужат за спроведување на заобиколни мерки за исплата на воениот персонал, бидејќи тоа би било премногу непопуларно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk