logo
logo
logo

Белата куќа поддржува Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници

Vecer | 24.02.2025

Белата куќа поддржува Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници

 Белата куќа соопшти дека ја поддржува одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на 602 палестински затвореници планирано во замена за шесте израелски заложници предадени во саботата.

Белата куќа наведува дека му дала поддршка на Израел имајќи го предвид „варварскиот третман“ на Хамас кон израелските заложници, објави „Тајмс оф Израел“.

„Со оглед на варварскиот третман на Хамас кон заложниците, вклучително и одвратното парадирање на ковчези со телата на децата Бибас низ улиците на Газа, одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на затворениците е сосема соодветна“, посочува Брајан Хјуз, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да го поддржи Израел на начинот на кој тој избира да се справи со Хамас.

Израелските власти во неделата објавија дека го одложуваат ослободувањето на 602 палестински затвореници како дел од размената со Хамас додека не добијат гаранции дека „понижувачките церемонии“ што Хамас ги одржува при предавањето на заложниците ќе бидат стопирани.

Хамас потоа соопшти дека тврдењето на израелските власти за „понижувачки“ церемонии за предавање на заложниците е „лага и изговор“ за избегнување на обврските што произлегуваат од договорот за прекин на огнот во Газа, и рече дека ќе ги прекине преговорите со Израел преку посредници доколку Израел не ослободи 602 палестински затвореници планирани за ослободување во замена за шесте израелски заложници предадени во саботата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk