logo
logo
logo

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето на цените на горивата во САД по нападот врз Иран

Vecer | 05.03.2026

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето на цените на горивата во САД по нападот врз Иран

Како што пренесува Политко, повикувајќи се на анонимни добро информирани извори од енергетската индустрија, администрацијата на Трамп „го превртува секој камен“ за да го спречи зголемувањето на цените што се заканува да ги загрози економските цели на американскиот претседател.

Нападот на САД и Израел врз Иран ја зголеми цената на суровата нафта за повеќе од 10 долари за барел, туркајќи ги цените на бензинот во САД на највисоко ниво откако Трамп ја презеде функцијата во јануари минатата година.

Извори блиски до Белата куќа наведуваат дека министерот за енергетика Крис Рајт и советниците предводени од министерот за внатрешни работи Даг Бургум се под огромен притисок да најдат начин да го стабилизираат пазарот.

„Луѓето буквално им викаат на соработниците да најдат каква било добра вест за да се спротивстават на гласините за постојано зголемување на цените“, рече еден од извршните директори во секторот енергетика.

Белата куќа разгледува неколку радикални потези, како што е привремено укинување на федералниот данок на гориво. Мерката ќе бара одобрение од Конгресот, а постои ризик рафинериите и бензинските пумпи да не ги пренесат заштедите директно на потрошувачите. Покрај тоа, претседателот Трамп веќе објави дека американската војска ќе понуди заштита на бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец.

Американскиот претседател, исто така, ѝ наложи на Корпорацијата за меѓународно развојно финансирање да обезбеди осигурување за превозниците, чии полиси беа откажани поради воени дејствија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk