logo
logo
logo

ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН (ВОНРЕДНА ВЕСТ)

Vecer | 13.06.2025

ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН (ВОНРЕДНА ВЕСТ)

Израел изврши „превентивен напад“ врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана. Експлозии се слушнаа североисточно од главниот град Техеран, објави иранската државна телевизија „Нур њуз“ (Nour News).

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека станува збор за посебна ситуација и најави дека училиштата ќе останат затворени во петок.

Дописникот на „Скај њуз“ за Блискиот Исток, Алистер Бункал, потврди дека луѓето во Израел биле разбудени во раните утрински часови од сирени за воздушен напад кои предупредуваат на „жестока одмазда“.

„По превентивниот напад на Државата Израел врз Иран, во блиска иднина се очекува ракетен и беспилотен напад врз Државата Израел и нејзиното цивилно население“, рече Кац.

Тој додаде дека низ целиот Израел е воведена „специјална вонредна состојба“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk