Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека штотуку завршил телефонски разговор со Владимир Путин и дека двајцата лидери разговарале еден час и 15 минути.
Рразговарале за неодамнешните напади со беспилотни летала од страна на Украина врз Русија и за развојот на настаните во врска со Иран.
Трамп напиша дека разговарале за нападот на Украина врз повеќе воздушни бази длабоко во Русија во текот на викендот. Трамп откри дека Путин му рекол дека ќе мора да одговори на нападот.
Тој истакна дека разговорот со Путин бил „добар“, но не е разговор што ќе доведе до моментален мир.
„Му кажав на претседателот Путин дека Иран не може да има нуклеарно оружје и за ова верувам дека се согласивме.“
Ова е прв пат американскиот претседател да разговара со својот руски колега за нешто повеќе од две недели, а нивниот последен разговор беше одржан на 19 мај.
Тогаш разговарале два часа, а Трамп го опиша разговорот како одличен, пренесува „Скај њуз“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата