Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека во петок ќе одржи состанок во Ситуационата соба на Белата куќа за да донесе конечна одлука за договорот со Иран, пренесува Ројтерс.
Тој исто така наведе што би морал да вклучува потенцијалниот договор: Иран да се согласи дека нема да развива нуклеарно оружје, повторно отворање на Хормушкиот Проток, отстранување на сите поморски мини, укинување на американската блокада кон Иран, како и отстранување и уништување на иранскиот високо збогатен ураниум од страна на САД.
„Никакви пари нема да бидат разменети, до дополнително известување. Други ставки, од многу помала важност, веќе се договорени. Сега ќе се сретнам во Ситуационата соба за да ја донесам конечната одлука“, објави Трамп на Truth Social.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата