Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија се на списокот од 75 земји на кои ќе им биде одбиено издавањето имигрантски визи за Соединетите Американски Држави од 21 јануари, објави „Фокс њуз“ повикувајќи се на извори од американската администрација.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето на сите иселенички визи за посетители од 75 земји почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на меморандум од американскиот Стејт департмент.
„Фокс њуз“ објави дека писмото им наложува на американските амбасади да одбијат иселеничко визи според важечкиот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.
Престанокот на обработката на визи ќе започне на 21 јануари 2026 година и ќе трае додека трае ревизијата на процедурите. Причината за оваа мерка е спречување на издавање иселенички визи на лица кои би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно лица кои би зависеле од владини социјални бенефиции по доаѓањето во САД.
Целосниот список на земји се состои од:
Авганистан, Албанија, Алжир, Антигва и Барбуда, Ерменија, Азербејџан, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белорусија, Белизе, Бутан, Босна, Бразил, Бурма, Камбоџа, Камерун, Зелен ’Рт, Колумбија, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Демократска Република Конго, Доминика, Египет, Еритреја, Етиопија, Фиџи, Гамбија, Грузија, Гана, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Иран, Ирак, Јамајка, Јордан, Казахстан, Косово, Кувајт, Киргистан, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Мароко, Непал, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Република Конго, Русија, Руанда, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Танзанија, Тајланд, Того, Тунис, Уганда, Уругвај, Узбекистан и Јемен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата