logo
logo
logo

Барак: Либан мора да го разоружа Хезболах

Vecer | 20.10.2025

Барак: Либан мора да го разоружа Хезболах

- Доколку Бејрут не дејствува, военото крило на Хезболах неизбежно ќе се соочи со голем конфликт со Израел во време кога Израел е најсилен, а Иран најслаб, наведе Барак.

Барак предупреди дека во случај на војна, Хезболах ќе се обиде да ги одложи парламентарните избори во Либан, закажани за мај 2026 година, што дополнително ќе ја продлабочи политичката нестабилност во земјата.

Владата на Либан неодамна издаде декрет за разоружување на Хезболах, но организацијата го оцени како „тежок грев“.

Предупредувањето на Барак е во момент на се поголеми тензии на границата помеѓу Израел и Либан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk