Апсењето е извршено благодарение на следењето на шифрирани пораки, преку кои инспекторите успеале да го пронајдат, објави австриски Кроне.
Станува збор за Рамо Р., кој има државјанство на Македонија и Австрија, и кој со години се сметаше за еден од највлијателните организатори на меѓународната трговија со дрога.
Балканскиот Ескобар имал развиена мрежа од Балканот до Јужна Америка
Операцијата за апсење ја спроведе работната група „Ахил“, предводена од австриската федерална криминална полиција.
Според достапните информации, Рамо Р. со години гради огромна криминална мрежа со врски што се протегаат од Јужна Америка, преку Шпанија и земјите од Бенелукс, па сè до Италија, Турција, Иран и Балканот.
Балканскиот Ескобар е познат на полицијата од 2015 година, кога беше уапсен во Виена и осуден на долга затворска казна. Откако ја издржа казната и беше ослободен, австриското обвинителство издаде нова европска потерница по него под сомнение за трговија со дрога.
Благодарение на анализата на шифрираните пораки од апликацијата „Скај“, инспекторите успеаја да го пронајдат и да го уапсат во шпанско одморалиште.
Според резултатите од истрагата, шверцот на повеќе од еден тон дрога, вклучувајќи кокаин, хероин, канабис и екстази, е поврзан со неговата криминална банда, а вредноста на стоката се проценува на десетици милиони евра.
Во операцијата „Ахил“ веќе се уапсени неколку високо рангирани членови на бандата, против кои се води постапка за трговија со дрога.
Рама, кој е познат и во подземјето како „Шефот“, останува во притвор и се соочува со долга затворска казна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата