logo
logo
logo

Бајден реши да не ѝ испорача проектили АТАКМС на Украина

Vecer | 21.09.2023

Бајден реши да не ѝ испорача проектили АТАКМС на Украина

„Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да не им дава ракети ATACMS, но не ја отфрли можноста за во иднина“, изјави на прес-конференција советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на САД, оваа недела, изјави дека ќе биде разочаран доколку мора да го напушти Вашингтон без моќните тактички проектили. Саливан оцени дека благодарение на американската воена помош, украинските сили успеале „за три месеци да ослободат повеќе територии отколку што Русите освоиле за осум месеци“.

„Неколку големи украински градови денес не се под руска окупација или доминација. Пред сѐ, благодарение на храброста на украинските војници и на украинскиот народ кој ги поддржува, но исто така, и тоа не е занемарливо, благодарение на материјалната поддршка што ја дадовме. “ изјави Саливан.

Некои републикански пратеници бараат САД да престане да обезбедува финансиска и воена помош за Украина, сметајќи дека тоа е изгубена кауза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk