logo
logo
logo

Багаи: Иран има право на мирно користење на нуклеарнатра енергија

Vecer | 30.06.2025

Багаи: Иран има право на мирно користење на нуклеарнатра енергија

- Додека Исламска Република Иран е членка на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, треба да може да ги остварува своите права. Правата на Иран како членка на овој Договор се сосема јасни, вклучително и правото на мирно користење на нуклеарната енергија, наведе Багаи.

Тој потенцира дека новиот закон на Иран, кој привремено ја суспендира соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), е обврзувачки за иранската Влада. Багаи ги отфрли барањата на МААЕ за пристап до нуклеарните постројки на Иран.

- Како може да се очекува од нас да ја гарантираме безбедноста на инспекторите на МААЕ во услови кога мирните ирански нуклеарни објекти беа нападнати само пред пет или шест дена?, посочи Багаи.

Министерството за надворешни работи на Иран претходно соопшти дека Техеран инсистира да му биде дозволено да збогатува ураниум за мирни цели.

  • Израел на 13 јуни го нападна Иран, а како причина ги наведе иранската нуклеарна програма и сомневањата дека Техеран се обидува да се стекне со нуклеарна бомба. Иран ги негира израелските наводи и одговори со ракетни и беспилотни летала напади врз Израел. Прекин на огнот беше постигнат по 12-дневната војна, во која интервенираа и САД и нападнаа три ирански нуклеарни постројки. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk