logo
logo
logo

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Vecer | 04.10.2025

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

„Исклучително сум задоволен и сакам да им се заблагодарам на сите што излеговте на гласачките места. За тоа се боревме, за слободни избори каде што луѓето можат да одлучат“, рече Бабиш, пренесува порталот 24.

Тој рече дека неговото политичко движење АНО „има најдобри резултати во историјата на парламентарните избори“ и оцени дека ова е резултат на тимска работа.

„Среќен сум што ги убедивме луѓето да гласаат. Се надеваме дека ќе формираме влада која ќе работи напорно. Никогаш нема да ве предадеме“, рече Бабиш, додавајќи дека оваа победа е „врвот на неговата кариера“.

Бабиш објави дека неговата партија ќе разговара со партнерите во обид да формира влада предводена од движењето АНО.

Чешкиот премиер Петр Фиала вечерва изјави дека му честитал на лидерот на опозициската партија АНО, Андреј Бабиш, за неговата победа откако неговата опозициска партија освои речиси 35 проценти од гласовите на општите избори.

Коалицијата „Заедно“ на Фиала освои 23 проценти од гласовите, според резултатите од повеќе од 99 проценти од изборните единици.

Според делумните резултати, шест партии биле над прагот од пет проценти за освојување места во Долниот дом на чешкиот Парламент што бори 200 членови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk