logo
logo
logo

Ѕирнете во МОЌНИОТ АВИОН со кој Доналд Трамп Јуниор допатува во Србија: ЛУКСУЗ за само 15 патници

Vecer | 12.03.2025

Ѕирнете во МОЌНИОТ АВИОН со кој Доналд Трамп Јуниор допатува во Србија: ЛУКСУЗ за само 15 патници

 Доналд Трамп помладиот во Србија допатувал со луксузен авион во кој место има само за 15 патници. Станува збор за Bombardier Global Express на германската компанија FAI, односно исклучително моќен авион кој може да прими 15 патници и 3 (или 4) членови на екипажот.

Авионот е опремен со камери, конференциска маса, ултра брз интернет, а неговите два ултра брзи Ролс Ројс мотори му помагаат да достигне брзина и до 900 километри на час!

Ѕирнете во авионот што го донесе во Белград најстариот син на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград директно од аеродромот Палм Бич на Флорида, каде и се упати по завршената посета на српската престолнина.

Кој е Доналд Трамп Џуниор?

Доналд Трамп Јуниор е американски бизнисмен, медиумска личност и политички активист, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп. Како истакнат член на семејната деловна империја и јавна личност, Трамп Јуниор се докажа себеси на повеќе различни полиња.

Тој е извршен потпретседател на Организацијата Трамп, каде што е активно вклучен во управувањето со империјата на семејниот бизнис од 2001 година. Во оваа улога, тој е одговорен за проширување на бизнисот во секторите за недвижнини, малопродажба и угостителство.

Како клучен лидер во компанијата, Доналд Јуниор го надгледува обемното портфолио на недвижности и е вклучен во сите фази на развој на проектот - од евалуација и планирање на потенцијалните зделки, преку изградба, брендирање и маркетинг, до продажба и давање под закуп на имот.

Од самиот почеток, Доналд Јуниор беше вклучен во некои од најзначајните потфати на Организацијата Трамп. Почнувајќи со проектот Trump Place (West Side Yards) во Њујорк, тој учествуваше во имплементацијата на една од најамбициозните и најуспешните иницијативи за развој на станбен простор во Менхетен - проектот опфати повеќе блокови, 17 згради и создаде целосно нова станбена заедница. После тоа, тој ја водеше преобразбата на познатиот хотел Делмонико во Њујорк во ултралуксузно станбено владение Трамп Парк Авенија, што се покажа како голем деловен успех на пазарот на недвижности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk