Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која Антифа ја прогласува за домашна терористичка организација.
Новата наредба ѝ наложува на неговата администрација да „истражува, попречува и уништува“ поединци и групи поврзани со антифашистичката идеологија на Антифа, вклучувајќи ги и „оние кои ги финансираат таквите операции“, објави „Политико“.
Регулативата не прецизира точно какви чекори ќе преземе владата против ова движење.
Федералните органи за спроведување на законот претходно ја окарактеризираа Антифа како идеологија, а не како организација, а администрацијата не издвои конкретни поединци или групи за цел.
Одлуката предизвика критики од демократскиот конгресмен од Мисисипи и член на Комитетот за внатрешна безбедност, Бени Томпсон, кој рече дека наредбата е чекор без преседан што ја игнорира пошироката закана што ја претставува десничарскиот екстремизам.
„Означувањето на Антифа, која нема дефинирана организациска структура или раководство, како домашна терористичка организација не е само неточно, туку служи и како изговор за администрацијата на Трамп да го задушува несогласувањето, да истражува секого или која било група што не ја сака, да ги казнува своите непријатели и потенцијално да го означи секој Американец како терорист“, рече Томсон во соопштението.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, ја објави наредбата претходно, потсетувајќи дека Трамп ветил дека ќе ја означи Антифа како терористичка организација пред минатогодишните претседателски избори.
Реториката на Трамп насочена кон политичките противници се засили по убиството на Чарли Кирк во Јута претходно овој месец, во она што службениците за спроведување на законот во Јута го оценија како политички мотивиран напад.
Минатата недела, Трамп објави на социјалните мрежи дека има намера да ја означи Антифа како домашна терористичка организација, нарекувајќи ја „болна, опасна, радикална левица“.
Нападите на Трамп врз политичките противници беа дел од неговите забелешки во неделата на комеморацијата на Кирк, каде што за зголемените тензии по смртта на активистот ја обвини „радикалната левица“.
„Ако говорот е насилство, тогаш некои се обврзани да заклучат дека насилството е оправдано за да се запре говорот. И ние нема да дозволиме тоа да биде оправдано“, изјави Трамп пред публиката во Аризона.
Антифа, кратенка од антифашисти, е општ термин за радикални левичарски групи кои повикуваат на насилство и убиства на десничари. Тие
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата